Рускиот гигант Зенит од Санкт Петербург вчера го официјализираше трансферот на италијанскиот играч за врска, Клаудио Маркизио.
Маркизио минатиот месец спогодбено го раскина договорот со Јувентус и како слободен агент се пресели во Зенит.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанецот имаше многу понуди на маса, но на крај се одлучи кариерата да ја продолжи во Русија, а сега е јасно и зошто.
Имено, италијанските медиуми открија дека Маркизио во Зенит ќе заработува 6 милиони евра по сезона, плус бонуси.
32-годишниот фудбалер потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на уште една година.