Дома Трансфер зона Сега е ГОТОВО: Ова е доказ дека Кутињо ќе го напушти Ливерпул

Сега е ГОТОВО: Ова е доказ дека Кутињо ќе го напушти Ливерпул

Ливерпул оваа недела го игра важниот натпревар во рамките на квалификациите за Лигата на Шампионите против Хофенхајм, а Јирген Клоп го одреди составот на играчи на кој ќе смета на тој натрпевар.

Како што и се очекуваше, меѓу играчите го нема Филипе Кутињо, фудбалерот кој со недели се поврзува со Барселона. Трансферот е речиси готов, се очекува само потврда на клубовите, а имаше безброј докази дека ќе се случи, како што е и овој сега.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Претходно Кутињо не играше во првиот натпревар против Вотфорд, а подоцна неговата фотографија беше отстранета од клупската продавница, нешто слично што се случи и со Нејмар.

Се уште не е ништо официјализирано, но во текот на денот се очекува работите да бидат завршени и Кутињо официјално да стане член на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…