Дома Фудбал Останато Себаљос со порака до Перез и Реал Мадрид

Себаљос со порака до Перез и Реал Мадрид

Шпанскиот фудбалер, Дани Себаљос ова лето го напушти Реал Мадрид и пристигна на едногодишна позајмица во Арсенал.

Себаљос сигурно е големо засилвуање за лондонскиот клуб и на неколку натпревари покажа дека станува збор за одличен играч. Иако не е стандарден во првиот состав, тој покажа желба да остане во Арсенал. Шпанските медиуми пренесуваат дека Себаљос неодамна разговарал со Перез и му кажал дека нема во план да се врати во Реал, каде што претежно ја грееше клупата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Желбата на Себаљос е Арсенал уште во јануари да го откупи неговиот договор и да потпише повеќегодишна соработка со „Топчиите“. Арсенал е заинтересиран да ја активира клаузулата и да го купи во јануари, но не е познато колку пари ќе мора да одвои за него. Овој 23-годишен фудбалер во Реал пристигна во 2017. од Бетис за 14 милиони евра, но не се наигра на „Бернабеу“ и одлучи да се пресели во Арсенал, каде што сака да остане што е можно подолго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вон се повреди по само 12 секунди, но ќе добие богатство

Лиднзи Вон, една од најголемите скијачки на сите времиња, претрпе тежок пад и сложен преки…