Финалето во Лига Купот помеѓу Манчестер Сити и Челзи кој се одигра вчера го обележи една несекојдневна ситуација.
Откако во регуларниот дел и продолженијата беше 0:0 и давата тима се подготвуваа за изведувањето на пенали, тренерот на Челзи Маурицио Сари сакаше да направи измена и на местото на Кепа Аризабалага во игра да го воведе Вили Кабаљеро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа младиот голман на Челзи застана пред одлуката на Челзи и одби да излезе од игра со што го налути Маурицио Сари. Многу прашина се крена околу овој негов потег, па многу поранешни играчи и тренери го коментираа овој случај.
? The Maurizio Sarri vs Kepa Arrizabalaga incident gets more uncomfortable every time you watch it!#CFC #CarabaoCupFinal pic.twitter.com/U0nowgj6FN
— Sporting Life Football (@SportingLifeFC) February 24, 2019
Така свој коментар на целата ситуација даде и поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.
„Мислам дека од една страна Кепа сакаше да покаже самодоверба и да каже: „Јас сум тука сакам да бранам пенал и сигурен сум дека ќе бидам успешен“. Таквиот став и самодовербата мене ми се допаѓаат“, порача Мурињо кој сепак и го осуди младиот Баскиец.
„Но, не ми се допаѓа тоа што го стави тренерот во незгодна ситуација. Освен тренерот тој во незгодна позиција го доведе и неговиот соиграч кој беше спремен да влезе во игра. На крајот видовме како Кабаљеро се спремаше да влезе во игра, но сепак на крајот се врати на клупата“, порача поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед.