Дома Фудбал ШОК: Светскиот првак со Аргентина суспендиран на две години поради допинг

ШОК: Светскиот првак со Аргентина суспендиран на две години поради допинг

Аргентинскиот фудбалер Алехандро „Папу“ Гомез, кој минатата година го освои светскиот шампионат со националниот тим, беше позитивен на допинг тест во октомври 2022 година, а шпанската антидопинг агенција му изрече двегодишна суспензија.

Гомез во моментот на допинг контролата настапуваше за Севиља од која во септември годинава се пресели во Монца, која вчера му ја потврди веста за суспензијата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Монца објавува дека преку Италијанската фудбалска федерација добила известување од ФИФА за суспензијата изречена од шпанската антидопинг агенција, а се однесува на Алехандро Дарио Гомез“, се вели во соопштението на италијанскиот прволигаш. Утврдено е дека примерокот на Гомез содржи нелегална супстанца тербуталин, за која Гомез тврди дека ја внесувал преку сируп за кашлица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дешамп е можност за Реал Мадрид?

Крајот на ерата на Дидие Дешамп како селектор на француската репрезентација се следи внима…