Дома Македонски спорт Мак фудбал Светнаа рефлекторите во Битола!

Светнаа рефлекторите во Битола!

Како што и се најавуваше, тоа и се оствари, пуштени се рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Оваа убава вест на својата фејсбук страница ја сподели фудбалскиот клуб Пелистер кој патем следната сезона се враќа во Првата македонска фудбалска лига.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Со пуштањето на рефлекторите се очекува и на овој стадион во иднина да се играат вечерни натпревари на клупски, но и на репрезентативен план.

Како што беше и објавено пред два месеци, инвеститор на фазата за поставување на рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“ е Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…