Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт истакна дека е задоволен од играта на неговиот тим против Србија, но не во целост.
„Тие се силен тим. Имавме одредено проблеми, но добро се браневме во шеснаесетникот. Задоволен сум од поголем дел од игата. Во второто полувреме не ја држевме топката онака како што псоакував, најважно е што на крајот дојдовме до победата“, изјави Саутгејт за „Би-Би-С“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англија во Гелзенкирхен ја победи Србија со 1:0 во првото коло од групата „Ц“.
Единствениот гол за Англичаните го постигна Џуд Белингам.
„Тој пишува сопствено сценарио. Тајмингот на неговите уфрлувања е одличен. Мислам дкеа нашите напаѓачи беа добро. Убеден сум дека ќе постигнуваме голови“, наведе англискиот селектор.
На табелата во групата Англија е прва со три бода, Данска и Словениај имаат бод, а Србија е без бодови. Во второто коло, Англија ќе игра со Данска, Србија против Словенија.