Eкс-селекторот на Англија, Герет Саутгејт, си најде нов ангажман по заминувањето од клупата на фудбалската репрезентација на „Гордиот Албион“.
Саутгетј го одржа зборот и поднесе оставка по Европското првенство во Германија, каде Англија беше поразена во финалето од Шпанија (2:1). Да потсетиме, Саутгејт изјави дека ќе си замине доколку не ја освои титулата на турнирот во Германија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што објави новинарот Анри Винтер, Саутгејт оваа сезона ќе работи како технички набљудувач на Лигата на шампионите пред УЕФА. Неговата работа ќе биде да ги анализира натпреварите од тренерска гледна точка и да состави детален извештај со статистичка и видео анализа.
Ова ќе им помогне на официјалните лица на европската куќа на фудбалот, тренерите и едукаторите на идните стратези во подобро разбирање и поглед на играта. Очигледно по водењето на Англија донел одлука да паузира од тренерската работа.