Репрезентацијата на Англија не успеа да се пласира во финалето на СП откако беше елиминирана од Хрватска после продолженија.
„Гордиот Албион“ сега ќе игра за бронза, што е исто така голем успех, а селекторот Саутгејт вели дека е поставена базата за нови големи успеси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во моментов сите чувствуваме голема болка. Тешко е да загубиш полуфинале во кое водиш од самиот старт и ќе примиш гол во продолженијата. Имавме голема шанса да влеземе во финалето, но, за жал, не ја искористивме“, изјави Саутгејт.
„Сепак, неизмерно сум горд поради начинот на кој го одигравме мечот и гледам дека исти чуства имаат фудбалерите. Го доведовме најнеискусниот тим од сите и можевме да напредуваме само со вакви мечеви. Тешко беше што и да речам за да ги утешам играчите, вакви порази порано немаат почуствувано во репрезентацијата. Оваа генерација ги подигна критериумите и очекувањата. Сега загубивме во полуфиналето, но веќе на големиот фудбалски собир од овие момци може да се очекува да атакуваат на трофејот“,додаде англискиот селектор,