Дома Трансфер зона Саудијците се прецениле: Сакале да го купат Винисиус

Саудијците се прецениле: Сакале да го купат Винисиус

Саудиските клубови успеаа да доведат голем број познати имиња од европскиот фудбал, па така и нивните апетити се зголемиле.

Според последните информации тие имале обид ни помалку, ни повеќе да го доведат Винисиус Жуниор.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Наводно, Бразилецот бил контактиран од Фондот за јавни инвестиции во име на Министерството за спорт на Саудиска Арабија и на 24-годишниот фудбалер му понудиле да се пресели во некој од најголемите клубови и да биде заштитно лице на Светското првенство во 2034 година.

Не се откриваат бројки, но сигурно 24-годишникот добил астрономска понуда. Винисиус сепак е пресреќен во Мадрид и нема нема намера да го напушти клубот во блиска иднина, уште помалку за трансфер надвор од Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …