Дома Фудбал Останато „Саудијците сакаат да го преземат фудбалот, ова некој мора да го запре“

„Саудијците сакаат да го преземат фудбалот, ова некој мора да го запре“

Уште од трансферот на Кристијано Роналдо во Ал Наср, Саудијците започнаа да го привлекуваат вниманието, а летово направија вистински „бум“ со понудите за европските фудбалери.

Во Саудиска Арабија покрај Роналдо веќе се Бензема и Канте, а блиску до реализација на трансферите се уште фудбалери како Зијеш, Брозовиќ, Кулибали…Имаше и такви фудбалери кои ги одбија милионите на оваа земја.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Саудијците се обидуваат да доведат и фудбалери кои се во најдобрите фудбалски години, како Бернардо Силва, па на оваа тема се огласи и Џејми Карагер.

Бернардо Силва е во најдобрите фудбалски години, а во последните пет години беше еден од најдобрите играчи во Европа. Не бев загрижен кога во саудиската лига почнаа да заминуваат играчи во 30-тите години или играчи кои се под елитното ниво, но ако се реализира овој трансфер на Силва, тогаш се се менува.

Саудијците го преземаа голфот, големите боксерски случувања, сега сакаат и фудбалот. Ова мора да се запре“, гласи пораката на Карагер кој во својата објави ги „тагна“ Премиер лигата и УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичаните обезбедија пет места во Лигата на шампионите – a можно e дури и седум претставници!

Премиер лигата и официјално потврди: Англија ќе има најмалку пет клуба во новиот формат на…