Дома Фудбал Англија Сари се чуди со Премиер лигата: „Кај нас тоа е нормално“

Сари се чуди со Премиер лигата: „Кај нас тоа е нормално“

Челзи вчера во рамките на 6. коло одигра 0:0 со Вест Хем на гости и така малку го расипа фантастичниот старт во новата сезона.

Екипата на Маурицио Сари има ист старт како и Сити, пет победи и едно реми и сега Ливерпул е единствената екипа со максимални 18 бода од првите шест кола.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанскиот тренер по ремито се пожали на составот во Англија кој не им дозволува на клубовите кои во четврток имале европски натпревар да играат во понеделник. Потсетуваме, Челзи во четвртокот гостуваше во Солун против ПАОК во Лигата на Европа, во Лондон се врати во петокот и имаше само сабота за да се опорави.

„Не ми е јасно зошто не ни даваат да играме во понеделник. Во Италија тоа е најнормална работа. Јасно ми е дека тоа е невозможно пред крајот на сезоната, во април или мај, но сега не гледам никаква причина“, изјави Сари по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе ги спречи соиграчите да направат шпалир за Барселона по Суперкупот

Во извонредното финале на шпанскиот Супер Куп, Барселона триумфираше над Реал Мадрид со 3:…