
Италијанскиот стратег Маурицио Сари ова лето пристигна на клупата на Челзи и апсолутно ги препороди „сините“.
Челзи игра одлично во новата сезона во Премиер лигата и покажува амбиции за освојување на титулата. Сари внесе многу промени во играта на клубот од „Стенфорд Бриџ“ каде што после долго време се игра напаѓачки фудбал.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Италијанецот е задоволен од играчите кои ги има на располагање, но има и такви кои не ги задоволиле неговите вкусови.
Сари за медиумите во Англија откри дека Дени Дринквотер и Виктор Мосес се фудбалери кои не се вклопуваат во неговиот стил на игра. Дринквотер не се снајде во Челзи уште од кога простигна, додека Мосес го изгуби местото кога Сари го наследи Конте.
„Дринквотер е во позиција да не ми одговара како играч за врска во споредба со други два фудбалери. Пред два месеци му кажав што мислам. Мосес е повеќе за крило отколку за бек.
Таму сме добро пополнети. Не знам дали имаат иднина во овој клуб“, порача Сари.