Маурицио Сари ова лето го превзеде Челзи, а со себе во Лондон од Наполи го зеде и Жоргињо.
Сепак, не сака тука да запре, сака да соработува со уште неколку поранешни играчи, а еден од нив е блиску до трансфер во Премиер лигата. Имено, Елсајд Хисај наскоро би можел да го напушти Наполи, што потврди и неговиот агент. Играчот на Наполи неколку сезони игра одлично за Наполитанците, оваа сезона запиша 11 настапи во Серија А, но се истакнува дека Анчелоти се почесто го користи Малк, кој минатото лето пристигна во клубот од Лил.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Свесен за тоа, неговиот агент вели дека има многу понуди и дека лесно би можел да заврши во Премиер лигата. Што значи, Хисај би можел да му се придружи на Жоргињо во Челзи, ќе видиме дали во јануари, или „Сините“ овој трансфер ќе го направат на лето.