Дома Фудбал Англија Сари го критикуваше Канте: Правеше нешто што не е негова задача

Сари го критикуваше Канте: Правеше нешто што не е негова задача

Кај Маурицио Сари на никој нема да му биде прогледано низ прсти.

Италијанскиот стратег тешко го поднесе поразот од Тотенхем во изминатиот викенд.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Неговиот тим за прв пат изгуби оваа сезона и тоа на начин кој не смееше да си го дозволат.

Еден од фудбалерите кои беше критикуван е Нголо Канте, за кого не сме навикнати да слушаме лоши зборови.

„Тој се обиде да помогне на целосно погрешен начин, одеше премногу напред. Не сакам да игра на тој начин. Поточно како да се обидуваше да биде плејмејкер, тоа е задача на Жоржињо и Фабрегас, не негова. Го сфаќам дека сакаше да помогне, но таквата игра не е негова најсилна страна“, изјави Сари.

Челзи денес игра против ПАОК во Лигата на Европа, а за овој натпревар Сари ќе го одмори Еден Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…