Младиот англиски фудбалер на Борусија Дортмунд Џејдон Санчо важи за еден од најталентираните фудбалери во светот и него му се предвидува блескава иднина.
Очекувањата се Санчо на лето да направи богат трансфер, а посебен интерес за него покажуваат клубовите од Премиер лигата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Вчера тој наполни 20 години, па тоа беше прилика медиумите на Островот да ја споредат неговата статистика со она што го направиле Роналдо и Меси на негова возраст.
Санчо до сега во кариерата одиграл 90 натпревари, постигнал 31 гол и запишал 42 асистенции. Роналдо и Меси имаат многу послаб учинок. Аргентинецот на 70 натпревари постигнал 26 гола и асистирал осум пати, додека Роналдо на 107 натпревари постигнал 16 голови и запишал исто толку асистенции.