Дома Трансфер зона Санчез утре на прегледи во Милано

Санчез утре на прегледи во Милано

„Скај Италија“ тврди дека трансферот на Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед во Интер ќе биде комплетиран утре.

Чилеанецот се очекува утре да пристигне во Милано на лекарски прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договорот со „нероаѕурите“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Санчез ќе пристигне на едногодишна позајмица, а Интер ќе се обврзе да ја плаќа половина од неговата плата, која изнесува 500.000 фунти неделно. Останатата половина ќе ја плаќа Манчестер Јунајтед.

30-годишниот напаѓач пристигна на „Олд Трафорд“ во јануари 2018 година, но се снајде најдобро и одигра само 45 меча за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања.

Поради тоа Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од него и е спремен да му ја плаќа половина од платата, а Интер ќе има опција следното лето да го откупи за 15 милиони евра.

Конте смета дека Санчез ќе биде одличен во тандем со Лукаку, го има и Лаутаро, па практично е на чекор да оформи супер напад на што инсистираше од неговото доаѓање во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…