Дома Фудбал Англија Санчез: Разоварав со Анри пред да заминам, Анри: Не разговаравме!

Санчез: Разоварав со Анри пред да заминам, Анри: Не разговаравме!

Легендата на Арсенал Тиери Анри демантираше дека имал разговор со Алексис Санчез во кој му рекол да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Санчез во понеделникот и официјално се пресели на „Олд Трафорд“, а при збогувањето со навивачите на Арсенал истакна дека на таков потег се одлучил по примерот на Тиери Анри.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Се сеќавам на разговорот кој го имав со Анри и тој го напушти Арсенал од истите причини како и јас“, напиша Санчез на својот Инстаграм профил.

Таа причина се титулите, Анри подоцна во Барслона ја освои Лигата на шампиони, но Французинот демантира дека му дал било какви совети на Санчез.

„Во ниту еден момент не му реков на Алексис да го напушти Арсенал. Не ни знаев дека ќе отиде во Манчестер Јунајтед се додека не ја видов веста во медиумите“, изјави легендарниот фудбалер.

Чилеанецот во наредните четири и пол години ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед и неделно ќе заработува 350.000 фунти, а дали имал разговор со Анри или не, тоа знаат само тие двајца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Момент за паметење: Светскиот шампион се врати по 812 дена – имаше емотивен пречек (Видео)

Пол Погба одигра прв натпревар по повеќе од две години. Французинот поради допинг, пред го…