Садио Мане во изминатиот период се најде во центарот на вниманието поради неговиот трансфер во Баерн Минхен вреден 32 милиони евра, плус девет кои ќе бидат исплатени преку бонуси.
Советникот на Мане, Бакари Сисе откри дека имало простор за трансфер во Барселона минатото лето. Имено, Лионел Меси побарал до Барселона да го ангажира Сенегалецот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Минатото лето Сане можеше да направи трансфер во Барселона. Лео Меси сакаше Каталонците да го доведат, додека преговараше со Барселона за нов договор го спомена и Мане. Пред конечно да биде одлучено дека мора да замине, Меси предложи двајца играчи, а еден од нив беше Мане“, изјави Сисе.
Другото име бараниот фудбалер Сисе не го откри, а Меси ќе потсетиме поради финансиската криза мораше да ја напушти Барселона и како слободен играч се пресели во Пари Сен Жермен.