Германскиот крилен фудбалер Лерој Сане летото 2020 година премина од Манчестер Сити во Баерн за оштета од 60 милиони евра.
Меѓутоа, Сане никогаш во целост не ги оправда очекувањата на „Алијанц Арена“. Тој самиот не е задоволен од статусот во тимот, па сака на лето да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сане има договор со 2025 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Баерн е спремен да слушне понуди.
Најсилен интерес за 27-годишниот Германец покажуваат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.
Агентот на Сане веќе имал контакти со двата клуб и дал зелено светло за трансфер во Шпанија.
🚨 Leroy Sané could leave Bayern Munich next summer, with Barcelona and Real Madrid likely destinations for the 27-year-old.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 5, 2023
(Source: Bild) pic.twitter.com/Xjv6a2lhcm