Реал Мадрид, Барселона, Интер, Челзи…Тоа се помеѓу останатите клубовите во кои настапуваше Самуел Ето во досегашниот дел од кариерата и во која заработи милиони и милиони евра.
Но, очигледно некаде погреши овој славен камерунски фудбалер бидејќи една банка му ја заплени и продаде неговата вила со цел да си го врати долгот кој Ето го имал кон нив.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Ето не бил во можност да го врати кредитот од 4.5 милиони евра кој го подигнал, па банката била приморана да реагира.
Не е тоа единствениот проблем со кој се соочува славниот фудбалер, кој во овој момент е член на турски Коњаспор. Во Шпанија е баран поради неплаќање на данок. Властите во оваа земја го обвинуваат поради данок на недвижнини е должен три милиони евра.
Овој 37 годишен фудбалер во иднина би можел на сила и на „стара слава“ да ја продолжи кариерата уште некоја година со цел да извлече „некое евро“ и да се извлече од проблемите.
Да потсетиме, Ето во времето кога настапуваше за Интер беше соиграч на македонската фудбалска икона, Горан Пандев