Дома Фудбал Италија Сампдорија го шокира Интер, Рома сигурна, Лацио конечно победи🎥

Сампдорија го шокира Интер, Рома сигурна, Лацио конечно победи🎥

Интер претрпе неочекуван пораз на гостувањето кај Сампдорија и не успеа да се искачи на првото место на табелета. Рома сигурна, Удинезе до бод.

Интер во 12-та минута доби пенал, но Санчез не беше прецизен од белата точка. Само неколку минути подоцна стигна казната. Беше досуден пенал за Сампдорија, а сигурен реализатор беше Кандрева.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во 38-та минута уште еден поранешен играч на Интер, Кеита Балде го совлада Хандановиќ за предност од 2:0. Резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме Конте во игра го стави Лукаку и тргна на се или ништо, но „нероаѕурите“ не успеаа да дојдаѕ ниту до бод. Де Врај од корнер постигна гол за 2:1, но тоа беше се што направи Интер.

Рома запиша сигурна победа на гостувањето кај Кротоне (1:3), додека Лацио стигна до важна победа против Фиорентина (2:1).

Удинезе во финишот стигна до бод на гостувањето кај Болоња (2:2), Сасуоло беше сигурен против Џенова (2:1). Торино одигра реми против Верона (1:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…