Tимот на Самдорија има само една победа сезонава во Серија Б, се наоѓа на 19. позиција на табелата, но Андреа Пирло нема да добие отказ.
Поранешниот италијански фудбалер, а сега тренер ќе остане на клупата на сегашниот второлигаш, потврди косопственикот на Сампдорија, Матео Манфреди, а пренесува „Газета дело Спорт“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поминаа девет кола, Сампдорија има пет порази, три нерешени и една победа, но Манфреди не е особено загрижен.
„Андреа ќе остане наш тренер. Тој ќе го доведе клубот на највисоко ниво, бидејќи е одличен тренер“, изјави косопственикот на Сампдорија.
Пирло во кариерата ги водеше и Јувентус и Карагумрук, а на клупата на Сампдорија го наследи српскиот стручњак Дејан Станковиќ.