Селекторот на репрезентацијата на Аргентина, Хорхе Сампаоли изјави дека Лионел Меси не треба да сноси одговорност за резултатите на Мундијалот во Русија.
Meси промаши пенал во натпреварот против Исланд (1:1), па Аргентина заостанува два бода во групата Д зад првопласираната Хрватска која ја победи Нигерија со 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога ќе постигнеш гол во Аргентина, тогаш сите сме заслужни. Но кога Аргентина ќе изгуби тогаш само Лео е виновен. Мислам дека тоа не е чесно. Тоа е преголем притисок за еден играч. Морам да кажам дека јас се чуствувам одговорен за промашениот пенал на Меси“, изјави Сампаоли.
Аргентина не освоила светска титула уште од 1993 година. Пред четири години на Светското првенство во Бразил изгуби во финалето од Германија после продолженија со 0:1.