Дома Фудбал Сампаоли призна: Го одбив Челзи за Севиља!

Сампаоли призна: Го одбив Челзи за Севиља!

Тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли јавно призна дека го одбил кормилото на Челзи пред да потпише за тимот од Андалузија.

Сампаоли беше селектор на репрезентацијата на Чиле со која го освои Купа Америка, а минатото лето стана тренер на Севиља откако Унаи Емери го напушти клубот и премина во ПСЖ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Многу клубови беа заинтересирани за мене, бев во преговори со Челзи, но понудата на Севиља ми беше најинтересна и највозбудлива. Севиља е неверојатен град, полн со страст према фудбалот“, истакна Сампаоли.

Сампаоли одлично се справува на кормилото на Севиља, моментално е на второто место на табелата, а најавува и борба за титулата во Примера.

„Ќе се бориме за титулата со сите сили со кои располагаме. Најпрво желбата беше да бидеме во првите пет-шест клубови, но играчите да се борат за што поголем пласман“, истакна Сампаоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Колку Манчестер јунајтед е навистина лош откако го води Рубен Аморим?

Фудбалерите на англискиот четвртолигаш Гримсби Таун вчера приредија сензација победувајќи …