Дома Фудбал Репрезентации Сампаоли изненадува: Икарди сепак патува на Мундијалот?

Сампаоли изненадува: Икарди сепак патува на Мундијалот?

До почетокот на Мундијалот во Русија останува уште точно еден месец, а селекторите кои изборија учество се уште имаат одредени дилеми околу составите.

Неколку селекторите веќе ги објавија пошироките списоци, сега прелиминираниот список го објави и селекторот на Аргентина, Жорге Сампаоли, а најголемо внимание на списокот привлекува името на – Мауро Икарди!

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Имено, Икарди веќе подолго време го нема во селекцијата на Аргентина, Сампаоли упорно одбива да го повика и фудбалскиот свет очекува тој да не патува во Русија.

Сепак, Сампаоли го смести на поширокиот список што е изненадување.

Голмани: Серхио Ромеро, Вилфредо Кабаљеро, Нахуел Гузман, Франко Армани

Одбрана: Габриел Меркадо, Хавиер, Едуардо Салвио, Маскерано, Николас Отаменди, Херман Пазела, Федерико Фазио, Маркус Рохо, Рамиро Фунес Мори, Николас Таљафико, Маркус Акуна, Кристијан Анслади.

Среден ред: Мануел Ланзини, Рикардо, Сентурион, Максимилијано Мез, Лукас Биља, Гуидо Пизаро, Енцо Перез, Евер Банега, Џовани Ло Селсо, Леонардо Пардес, Родриго Батаља, Анхел Ди Марија, Кристијан Павоно, Пабло Перез.

Напад: Паоло Дибала, Диего Пероти, Лионел Меси, Серхио Агуеро, Гонзало Игуаин, Лаутаро Мартинез, Мауро Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…