Дома Фудбал Останато „Само Мбапе е подобар од Рашфорд“

„Само Мбапе е подобар од Рашфорд“

Tренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека напаѓачот на неговиот тим Маркус Рашфорд е еден од двајцата најдобри во светот.

Јунајтед ќе ја искористи можноста да го продолжи договорот на Рашфорд на уште една година и со тоа да го спречи неговото евентуално заминување без обештетување, а во оваа прилика англискиот напаѓач доби пофални зборови од својот тренер Ерик тен Хаг.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Од првиот момент на моето пристигнување препознав огромен потенцијал во него. Кога Маркус ќе ја добие топката во просторот зад противничката одбрана, речиси и да нема играч на светот кој може да го реши тоа подобро од него.

Навистина е тешко да го запре. Само Мбапе е подобар од него во моментов во тој сегмент. Многу се подобри“, задоволен е Тен Хаг.

Рашфорд на Светското првенство во Катар на петте одиграни натпревари постигна три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Конечно кажа „да“: Зинедин Зидан на клупата на најдобриот тим во светот

Зинедин Зидан ќе стане новиот селектор на Франција по Светското првенство во 2026 година! …