Дома Фудбал Германија Салихамиџиќ: Средбата со Левандовски на Мајорка помина добро

Салихамиџиќ: Средбата со Левандовски на Мајорка помина добро

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ повторно ја коментираше ситуацијата околу Роберт Левандовски.

Левандовски на големо се поврзува со трансфер во Барселона, а денес се појавија информации дека до Баерн стигнала нова подобрена понуда од Каталонците. Меѓутоа и во оваа изјава Салихамиџиќ јасно го потенцираше својот став дека Левандовски според него останува.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Дали Левандовски ќе остане? Засега останува 100%! На 12. јули ќе биде првиот ден од подготовките и го чекаме да се појави. Средбата на Мајорка помина добро, ги објаснивме позиите и се беше во најдобар ред“, изјави Салихамиџиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Престијани со признанието направи трик кој не се памети – цената ќе ја платат Винисиус и Мбапе

Џанлука Престијани одлучи да признае пред УЕФА дека го навредувал Винисиус Жуниор, но не н…