Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, откри дека разговарал со Роберт Левандовски, кој јавно потврди дека сака да го напушти клубот.
Левандовски изјави дека неговата ера во Баерн е завршена и сака да си оди, иако има договор на уште една година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Роберт ми се јави во понеделникот. Меѓу другото, разговаравме за неговите јавни изјави. Јас јасно го објаснив нашиот став за неговата ситуација околу договорот. Нашата одлука е тој да остане“, изјави Салихамиџиќ.
Во Баерн упорно тврдат дека немаат намера да го пуштат Левандовски ова лето и ја одбија понудата од Барселона.
Bayerns Transfer-Krach spitzt sich zu: Salihamidzic berichtet von heiklem Telefonat mit Lewandowski https://t.co/sLVwodZ98V
— tz (@tzmuenchen) June 7, 2022