Еден ден откако Баерн го официјализираше отказот на Јулијан Нагелсман и доаѓањето на Томас Тухел, се огласи спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ.
„Ова беше најтешката одлука што ја донесов откако сум спортски директор на Баерн. Имав многу отворен, доверлив и пријателски однос со Јулијан уште од првиот ден. И навистина жалам што се разделивме“, изјави Хасан Салихамиџиќ ден по официјализирањето на тренерската смена во Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сепак, по сите анализи за развојот на тимот од спортска страна, особено од јануари до сега, и со искуството што го имавме во вториот дел од сезоната минатата година, заедно донесовме одлука да го смениме Јулијан.
Во март минатата година имавме неконстантни игри, потоа повторно во септември и сега повторно – победивме на пет од десет натпревари во Бундеслигата. Кога тоа ќе се случи, тогаш треба да реагирате. Не беше лесна одлука“, додаде Салихамиџиќ и заклучи:
„Исклучително сум му благодарен на Јулијан за се што направи за Баерн и му посакувам се најдобро.