Ситуацијата во Баерн е многу помирна откако германскиот гигант со 5:1 ја победи Бенфика во предпоследното коло од Лигата на шампионите.
Пред овој натпревар се претпоставуваше дека ова ќе биде последен за Нико Ковач на клупата на гигантот од Минхен, но сега ситуацијата е променета.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Германските медиуми пишуваа дека Баерн преговара со Арсен Венгер, но Хасан Салихамиџиќ ги демантираше таквите информации.
„Не. Со 100% сигурност можам да ви потврдам дека тоа не е вистина. Разговаравме за проблемите, но во ниту еден момент не сме разговарале за други тренери“, истакна Салихамиџиќ.
Новинарите ги интересираше од каде на медиумите им се таквите информации и дали постои „крт“ во соблекувалната на Баерн.
„Ако постои, можете да замислите што ќе му направам ако го фатам“.