Дома Фудбал Лига на шампиони Салзбург слави: Арсенал пoради Баерн остана без 50 милиони евра

Салзбург слави: Арсенал пoради Баерн остана без 50 милиони евра

Арсенал вчера беше елиминиран од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а со таа елиминација „топџиите“ останаа и без бонус од 50 милиони евра.

Имено, Арсенал мораше да победи во двомечот со Баерн за пласман на клупскиот Мундијал кој ќе се игра летото 2025 година. Елиминацијата на Арсенал значи пласман на Салзбург во првото издание на ова ново натпреварување на ФИФА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сите учесници на клупскиот Мундијал од ФИФА ќе добијат по 50 милиони евра, а ќе има и дополнителни премии во зависност од настапот.

Планот на ФИФА е натпреварувањето да се игра во осум групи по четири екипи, Европа ќе има 12 претставници. Според рејтингот Арсенал имаше пол-позиција со пласман во полуфиналето, но сега е јасно дека таму ќе биде Салзбург.

Веќе се познати и учесниците од Европа, а тоа се: Манчестер Сити, Челси, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Интер, Јувентус, ПСЖ, Порто, Бенфика и Салзбург.

Останатите екипи се: Ал Ахли (Египет), Видад (Мароко), Ал Хилал (Саудиска Арабија), Урава (Јапонија), Монтереј (Мексико), Сиетл (САД),Клуб Леон (Мексико), Окленд Сити (Нов Зеланд), Палмеираш, Фламенго и Флуминенсе (Бразил).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…