Дома Фудбал Репрезентации Салах приреди големо разочарување во Египет

Салах приреди големо разочарување во Египет

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах ја одбил поканата на селекторот на египетската олимписка репрезентација за настап на Олимписките игри во Париз.

Неговата одлука ја разочара нацијата, навивачите сакаа еден од најдобрите фудбалери во светот да биде предводник на „фараоните“ во Париз, но Салах има други планови.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Целта му е целосно да се посвети на подготовките на Ливерпул за следната сезона и како еден од најискусните играчи во тимот што е можно повеќе да му помогне на новиот менаџер Арне Слот.

Салах од оваа недела ќе биде во полн ритам на тренинзи во клубот, а сака да ги одигра сите подготвителни натпревари со Ливерпул, пред почетокот на Премиер лигата.

Минатата сезона, неговата седма во Ливерпул, постигна 18 гола на 32 натпревари во Премиер лигата.

Да потсетиме, на фудбалскиот турнир на Олимписките игри можат да учествуваат само играчи до 23 години, но селекторите имаат право да поканат тројца повозрасни играчи, па Египќаните планираа еден од нив да биде Салах, кој е 32 години.

Олимпискиот турнир не е во календарот на ФИФА и клубовите не се обврзани да ги испраќаат своите играчи на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Надградба култниот стадион за милијарда евра: Ќе биде петти најголем на светот

КУЛТНИОТ стадион во Австралија е пред значителна трансформација вредна милијарда евра, со …