Дома Топ вести Салах и Ливерпул блиску до договор

Салах и Ливерпул блиску до договор

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах е многу блиску до постигнување на договор со клубот за продолжување на соработката, пренесуваат медиумите на Островот.

Салах ги намалил своите финансиски барања, што довело до голем напредок во преговорите кои се водат веќе подолго време.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Актуелниот договор на Египќанецот истекува во јуни 2023 година, но сега тој ќе потпише за нови четири години, што значи дека ќе остане на „Енфилд“ до 34 години.

Првично Салах постави исклучително високи финансиски барања, што Ливерпул не беше спремен да ги исполни.

Во последните денови после елиминацијата на Египет во баражот за СП, односот на луѓето во клубот го натерало Салах да го промени ставот и да донесе конечна одлука да остане во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…