Напаѓачот на саудискиот Ал-Наср и на сенегалската репрезентација, Садио Мане, во родната земја се ожени се Аиша Тамба која има само 18 години.
Аиша Тамба има само 18 години и е 13 години помлада од фудбалерот, а според информациите на медиумите од Сенегал, тие веќе две години се заедно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аиша е ќерка на архитект од Сенегал и пред две години го запознала Мане. Според законите во Сенегал, Мане не прекршил ниту еден закон бидејќи долната граница за стапување во брак е 16 години.
Садио останал верен на традицијата и оставил сопругата да му биде изберена од неговото семејство, а деталите за ова ги откри таткото на новата сопружничка.
„Мојата ќерка има 18 години и првпат се виде со Мане пред две години. Мојата сопруга и Аиша го посетија семејството на Садио и тоа беше нивна прва средба. Садио очигледно виде нешто специјално во неа, а и неговите родители го одобрија бракот“.
Sadio Mane has married his '18-year-old long-time girlfriend' Aisha Tamba according to Daily Mail.
— Pulse Nigeria (@PulseNigeria247) January 9, 2024
Congratulations to the happy couple 🎊 pic.twitter.com/T8bq3W46rw