Дома Останати Сабаленка го освои УС Опен: Го остварив сонот

Сабаленка го освои УС Опен: Го остварив сонот

Белорусинката Арина Сабаленка ја освои титулата на УС Опен во Њујорк откако во финалето ја победи Американката Џесика Пегула со 7-5, 7-5.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сабаленка, во своето второ финале во Њујорк, ја освои првата титула на Флешинг Медоус. За девојката од Минск ова е трета Гренд слем титула во кариерата, две има во последните две години во Австралија.

„Ова беше неверојатен месец за мене. Имав тежок почеток, но многу работи се променија. Конечно го освоив трофејот и си го остварив сонот. Имав неколку тешки недели“, изјави Сабаленка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…