Дома Останати Рутински Данска славеше над Шпанија во последниот меч од групната фаза

Рутински Данска славеше над Шпанија во последниот меч од групната фаза

Данска ја оправда улогата на фаворит и доста лесно стигна до победа над Шпанците.

На почетокот на средбата се играше гол за гол, за потоа избраниците на Николај Јакобсен да ја презедат предноста.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имаа Данците поволен прв дел и три гола позитива, но Шпанија по заминувањето на одмор ја намали негативата на само еден гол. На полувреме се замина со предност на Данска ос 14:13, а со почетокот на вториот дел Шпанците стигнаа и до изедначување.

Сепак, тоа беше се што видовме од Шпанците, со оглед на тоа дека Данска повторно ја презеде предноста и сигурно ја чуваше до самиот крај.

Најефикасен во редовите на Шпанија беше Алекс Душебаев со шест постигнати погодоци, додека кај Данците се издвои Кристенсен со постигнати осум погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

На повидок неочекувана „бомба“ – Кристофер Нкунку!

Баерн Минхен се впушти во трка за Кристофер Енкунку, а Челси е подготвен за преговори. Отк…