Дома Останати Русија се пласираше во финалето во хокеј на ЗОИ

Русија се пласираше во финалето во хокеј на ЗОИ

Aктуелниот олимписки шампион, хокеарската репрезентација на Русија се пласираше во финалето на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Русија денес на пенали ја победи Шведска со 2:1 и така се пласираше во финалниот натпревар. Во тесен и неизвесен натпревар Русија поведе со голот на Антон Слепишев, а изедначи Антон Ландер. Одлучувачкиот гол во изведувањето на пенали го постигна Арсени Грицук.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во финалето во недела Русија ќе игра против Финска која ја победи Словачка со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Дончиќ блесна, Лејкерс го декласира Денвер

Лука Дончиќ ја одигра убедливо најдобрата партија во дресот на Лејкерс, а тоа резултираше …