Дома Македонски спорт Мак ракомет Русинот Горпишин ќе го засили Вардар!

Русинот Горпишин ќе го засили Вардар!

21-годишниот Сергеј Горпишин ќе биде нов ракометар на Вардар, и ќе биде замена за Рожерио Мораес кој потпиша за Веспрем.

Горпишин игра на пивотменската позиција, висок е 200 сантиметри и има 21 година. Сезонава тој настапува во Бундес лигата, во екипата на Ерланген.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со Горпишин ќе се зголеми руската колонија во Вардар. „Црвено-црниот“ дрес веќе го носат Тимур Дибиров, Сергеј Горбок, Данаил Шишкарев, Димитри Кисељев и Греб Калараш.

„Вардар сака да види како ќе се развивам, па потоа може да планираме и нешто повеќе во иднина“, вели Горпишин кој игра главно во одбрана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…