Англиските медиуми пренесуваат дека веќе се договорени сите дели и дека Вејн Руни го напушта „Олд Трафорд“.
Руни до крајот на неделата би требало да го комплетира трансферот и да се врати во Евертон.
Долго време се шпекулира со заминувањето на Вејн Руни, но се чини дека со доаѓањето на Алваро Мората за него дефинитивно нема да има повеќе место на „Олд трафорд“.
Евертон покрај Руни е заинтересиран и за напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру, па многу е веројатно следната сезона да гледаме тандем Руни – Жиру.
Со пристигнувањето на овие двајца напаѓачи „карамелите“ конечно ќе му ја отворат вратата на Ромелу Лукаку кој веќе се договори со Челзи.