Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни изјави дека Аргентина е главен фаворит на претстојното Светско првенство во Катар.
Тој исто така додаде дека аргентинската репрезентација повеќе не зависи само од еден играч, бидејќи Лионел Меси има доволен број квалитетни играчи кои можат да му помогнат во желбата да се искачи на светскиот трон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За мене Аргентина е фаворит. За разлика од 2018 година, покрај Меси имаат голем број на добри играчи како Лаутаро Мартинез, Леандро Паредес, Родриго Де Поло и секако Анхел Ди Марија. Со освојувањето на Копа Америка минатата година ја стекнаа потребната самодоверба што дополнително го намали притисокот врз нив. Ќе им одговара и климата“.
Според Руни, Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња.
„Секој има различно мислење за Меси и Роналдо, но јас сум кажал многу пати дека за мене Меси е најдобар. Гледав многу видеа со Диего Марадона кој беше сличен играч во стил, но Меси е подобар. Има се, контрола во играта, дриблинг, асистенции, додека Роналдо е повеќе егзекутор“, изјави Руни во интервју за „Тајмс“.