Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има 36 години, но неговата доминација во светот на тенисот не запира и оваа сезона освои три гренслем-титули.
Ѓоковиќ во сенка ги остави младите талентирани тенисери, меѓу кои се Холгер Руне, Карлос Алкараз и Јаник Синер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данецот кажа дека Ѓоковиќ ќе заврши во пензија само кога ќе почне често да губи.
„Имавме одлична сезона. Јаник беше неверојатен, Алкараз го освои Вимблдон. За спортот е добро што постои група на играчи кои можат да доминираат. Новак освои три од четири гренслем титули. Тој нема да запре додека не го совладаме“, кажа Руне.