Дома Фудбал Германија Румениге: Сега цел свет ќе ја гледа Бундеслигата

Румениге: Сега цел свет ќе ја гледа Бундеслигата

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге го сподели своето мислење за продолжување на сезоната.

Бундеслигата ќе продолжи овој викенд и ќе биде првото од Топ првенствата во Европа кое ќе рестартира после прекинот поради пандемијата со коронавирусот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Румениге смета дека тоа ќе го зголеми интересот кон фановите од цел свет и очекува милијарди луѓе да ги гледаат натпреварите од Бундеслигата.

„Рестартирањето на германскиот шампионат ќе започне на 16 мај. – Како што рече премиерот, викендот е поиздржан со фудбалот отколку без него. Бундеслигата ќе биде единствениот шампионат што ќе се емитува на телевизија. Мислам дека милијарди фанови ќе не гледаат“, смета Румениге. „Многу ми е жал за однесувањето на телевизијата, која ги имаше правата. Тие ги поништија договорите. За нив, ова ќе биде голема загуба на имиџот. Кој ќе сака да се потпира на нив во иднина?“ , изјави Румениге за „Спорт Билд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…