Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге го потврди трансферот на играчот за врска Тиаго Алкантара во Ливерпул.
Веќе неколку недели се шпекулира дека Алкантара е блиску до трансфер на „Енфилд“, а сега двата клуба конечно најдоа заеднички јазик околу обештетувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Баерн постигна договор со Ливерпул, Тиаго заминува. Негова голема желба беше да проба нешто ново во кариерата“, изјави Румениге.
Ливерпул за Алкантара ќе плати 27 милиони финти. Исто така, зделката подразбира можна исплата на бонус од седум милиони фунти, доколку „црвените“ ја освојат Премиер лигата или Лигата на шампионите.
Дел од бонусите Ливерпул е должен да ги плати доколку играчот достигне одредени индивидуални статистички индикатори. Алкантара минатата сезона забележа 40 настапи за Баерн и постигна три гола со две асистенции.