Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге зборуваше за трансфер плановите на клубот.
Румениге зборуваше за можноста Баварците да тргнат по напаѓачот на Дортмунд, Ерлинг Халанд и отвори можност Алаба да остане во Баерн и по завршувањето на оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нормално е во ваква ситуација сите најголеми клубови да го сакаат Алаба. Сега од него зависи да донесе конечна одлука. Може да го промени клубот бидејќи на лето ќе биде слободен, но може и да одлучи да остане во Баерн“, изјави Румениге.
„Халанд е фантастичен напаѓач, но искрено кажано, додека го имаме Левандовски, немаме потреба од него. Не можам да кажам што ќе се случи во иднина, бидејќи јас сум на фукција до декември 2021 година. Додека сум јас тука, нема да има друг трансфер како тој на Левандовски“, изјави Румениге.