Германскиот репрезентативец и член на Челзи, Рудигер смета дека Меси е најдобар фудбалер на светот, а веднаш после него доаѓа Еден Азар.
Рудигер, упати и комплименти за тинејџерот Килијан Мбапе, но потенцираше дека тој се уште не е на нивото на најголемите светски ѕвезди.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Килијан Мбапе е неверојатно брз играч. За да го сопрете морате да делувате како тим, еден играч тешко може да се избори со него. Но за мене најдобар играч во светот е Лионел Меси, а веднаш зад него е Еден Азар“, изјави Рудигер.
Германецот потоа изјави дека е изненаден од одличниот старт на сезоната со Челзи.
„Искрено, изненаден сум колку добро ја започнавме сезоната, особено поради тоа што Азар и Канте ни се приклучија доцна поради обврските на Светското првенство. Импресивно стартувавме“, заклучи Рудигер.