Португалецот Рубен Невеш го напушти Вулверхемптон и одлучи како и повеќе други фудбалери кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Невеш потпиша за Ал Хилал, а сега седна пред камерата и зборуваше за неговиот трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Вулверхемптон, Невеш помина дури шест сезони и со месеци поврзуваше со Барселона, но на крајот заврши во Ал Хилал. Со Ал Хилал потпиша договор до 2026 година и веќе се приклучи на екипата на подготовките за новата сезона.
Платата на Невес во Ал Хилал ќе му изнесува дури 350.000 евра неделно и за него тоа беше понуда што не се одбива. Но, за разлика од другите, тој не крие дека парите му биле главна мотивација за овој трансфер.
„Секако дека дојдов поради проектот кој ми го претстави клубот, но сите ја знаете главната причина. Добив прилика на моето семејство да му пружам живот за кој секогаш сонуваа. Тоа е најголемата причина затоа што сум тука. Имам три деца и одлична сопруга, морам да се грижам за нив најдобро што можам. Тие се мој најголем трофеј“, изјави Невеш
Rúben Neves explica mudança para o Al-Hilal: "A principal razão é a oportunidade de dar à minha família a vida que sempre quis. Eles são o maior troféu da minha carreira."
— B24 (@B24PT) July 16, 2023
(via @Alhilal_FC) pic.twitter.com/1uSZOYJT7b