Дома Фудбал Англија Роџерс не сака во Арсенал: Зошто би одел на било кое место?

Роџерс не сака во Арсенал: Зошто би одел на било кое место?

Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс изјави дека е среќен во овој клуб и нема намера да го преземе Арсенал.

Шпекулациите дека поранешниот тренер на Ливерпул ќе ги преземе Топџиите се погласни откако раководството на лондонскиот клуб му го врачи отказот на Унаи Емери, но се чини дека од тоа нема да има ништо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


“Пораката е јасна и знам дека ќе ме прашувате за тоа се додека некој не биде назначен за менаџер на Арсенал. Сепак, тоа е многу едноставно, јас сум среќен овде. Одлуката да дојдам овде ја донесов пред девет месеци. Имав јасна намера да го вратам овој клуб на врвот каде што беше пред да дојдам. Сакав да водам група на играчи кои имаат голем потенцијал. Зошто би одел на кое било место? “- се запраша Роџерс.

Инаку, неговиот Лестер моментално се наоѓа на 3-та позиција во Премиер лигата со натпревар помалку од второпласираниот Манчестер Сити. Лисиците вечерва го пречекуваат Ватфорд и доколку победат ќе се вратат на 2-то место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…