
Последниот гол кој Манчестер Јунајтед го постигнал, а стрелецот да не се викал Роналдо беше Фред во ремито против Лестер (1:1) во рамки од 31. коло во Премиер лигата, пред точно еден месец (2. април).




После тој натпревар Манчестер Јунајтед беше поразен со 1:0 од Евертон, славеа против Норвич со 3:2 со хет-трик на Роналдо, Ливерпул ги прегази со 4:0, на „Емирати“ исто така беа поразени со 3:1 со гол на Роналдо и пред четири дена ремизираа против Челзи (1:1), голот повторно беше дело на Роналдо.




Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин често се огласува и ги коментира случувањата во својот поранешен тим, а не е реткост и да критикува. На ироничен начин тоа го направи и со Кристијано сега.




„Ронадло е навистина голем проблем за Манчестер Јунајтед, од викенд во викенд ги спасува со своите голови, а тоа знае да биде штетно за соблекувалната“, изјави Кин.