Фудбалскиот пазар и трансферите ова лето добија нова димензија, Рој Кин смета дека причина за ваквата ситуација на пазарот се трансферите како на Нејмар и Дембеле.
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед смета дека неговиот соиграч Рајан Гигс на денешниот пазар би вредел најмалку две милијарди евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се е преценето, преголеми суми се нудат за просечни фудбалери. Сега е вистински момент да се биде професионален фудбалер. Просечен фудбалер денес вреди барем 35 милиони фунти. Нема потреба премногу да се анализира, таква е ситуацијата на денешниот пазар, на кој нема премногу големи играчи“.
„Преголеми суми се плаќа за најдобрите фудбалери, а тоа се пренесува и на оние послабите. Денес просечни фудбалери вредат по 30-40 милиони фунти. Но тоа е не нивна грешка, бидејќи клубовите се спремни толку да плата“.
„Руд Ван Нистерлој денес би вредел една милијарда евра. Дејвид Бекам исто така, Рајан Гигс денес би вредел и две милијарди евра“, изјави Кин.
На крај новинарите го запрашаа колку би вредел тој.
„3.75 милиони фунти, толку колку што плати Сер Алекс Фергусон за вистински играч од средината“, заврши Кин.